Меѓународна научна конференција за дислокации и културни конфликти во Скопје
Околу 90 научници од 70 земји од светот од денеска до 3 септември во Скопје ќе разговараат како миграциите влијаат на верувањата, обичаите, секојдневните практики, институциите, политиките и законите во рамки на четвртата годишна меѓународна научна конференција насловена „Дислокации и културни конфликти: миграции, дијаспора, тероризам, граници, во организација на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС).
Претседателката на ЦККС Лорета Георгиевска-Јаковлева, на отворањето рече дека денес миграциите носат сериозни импликации и тие се резултат на различни социо-економски, политички, етнички, воени, идеолошки, па дури и еколошки фактори.
- Без оглед на причините за миграциите, тие носат промени кои влијаат на општествата, предизвикувајќи ги да ги ре-осмислуваат релациите меѓу „нашето“ и „туѓото“, општествените, економските, културните и други разлики, односите меѓу дијаспората и матичната земја, границите итн. Тие имаат сериозно влијание и врз дефинирањето на општествата како транснационални. Како глобален процес, тие можат да се поимаат и како можност и како предизвик. Додека добро менаџираните миграции можат да го поттикнат социо-економскиот развој и да донесат нови можности и во татковината на мигрантите и во земјата-домаќин, малверзациите со миграциите и мигрантите можат да резултираат со ризикување на социјалната кохезија, безбедноста и суверенитетот, изјави Георгиевска-Јаковлева.
Потпретседателот на ЦККС, Мишел Павловски, во своето обраќање ги поздрави учесниците и истакна дека Центарот за култура и културолошки студии со организацијата на оваа научна конференција, како и на претходните три „Култура и меморија“ 2013, „Медиуми: теорија и практика“ 2014 и „Идентитет и култура“ 2015) веќе четврта година ја реализира својата заложба Скопје да го направи значајна дестинација на академската мапа на светот.
На конференцијата учествуваат околу 90 научници од 70 земји од светот меѓу кои Русија, САД, Јапонија, Нов Зеланд, Обединети Арапски Емирати, Западна и Источна Европа, Балканот, и од нашата земја.
Конференцијата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен