Меѓународна научна конференција „Seecure 2016“
Во организација на Евро-атлантскиот совет на Македонија (АТА Македонија) денеска ќе се одржи меѓународна научна конфернција „Sееcurе 2016“, во пресрет на самитот на НАТО што ќе се одржи во Варшава во јули годинава.
Главен фокус на конференцијата ќе биде ставен на бенефитите од членството на Македонија во НАТО и можностите и перспективите за забрзување на овој процес. Ќе се дебатира за безбедносните ризици со кои се соочуваат Македонија и светот, почнувајќи од сајбер до енергетската безбедност, хибридната војна, масовните миграции и другите не-воени фактори на нестабилност ја прават безбедноста глобален предизвик.
Во тек на конференција ќе се одржат дискусии на темите „Влијанието на евро-атлантските интеграции врз економиите на земјите од Југоисточна Европа“, „Енергетска стабилност, стабилен регион“ и „Влијанието на евро-итегративните процеси врз меѓуетничките односи“.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат