Меѓународна научна конференција „Манастирот Слепче во пост-византиската уметност на Балканот во XVI и XVII век”
Манастирот „Св.Јован Крстител“ во демирхисарското село Слепче во пресрет на раѓањето на својот свет заштитник и патрон од денеска до 14 јули ширум ќе ги отвори вратите на манастирот не само за православните верници кои во голем број, од сите страни на Македонија ќе дојдат со вера да му се помолат на Светителот, туку и за бројните научници од земјата и регионот за кои како древен духовен, културен и уметнички центар на Балканот, тој е непресушен извор и инспирација за бројни истражувања.
Од манастирот информираат дека во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар денеска ќе почне Втората меѓународна научна конференција на тема „Манастирот Слепче во пост-византиската уметност на Балканот во XVI и XVII век” на која со свои научни прилози ќе настапат 17 учесници од Македонија, Србија и Бугарија, реномирани истражувачи на средновековната уметност на Балканот, живописот, словенските ракописи, старопечатени книги и архитектурата од времето на Османлискиот период.
Конференцијата ја организираат манастирот „Св. Јован Претеча“ - Слепче, општината Демир Хисар и Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ кои продолжуваат со заложбите научно да се продлабочуваат сознанијата за манастирот Слепче, неговата историја, архитектура, уметност (фрескоживопис, иконопис и применета уметност) но и пошироко, историјата и културно-уметничкото наследство на Демирхисарско.
Од утре до 14 јули во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче, Демир Хисар, Смилево и регионот на Демирхисарско ќе се одржи и Демирхисарската летна школа насловена „Манастирот Слепче - духовен, културен и уметнички центар”.
Во рамки на школата предавања ќе имаат и академик Ѓорги Поп-Атанасов (Научно-истражувачката дејност на академик Владимир Мошин во проучување на ракописите од Слепченската книжевна школа), како и професорите од Бугарија, Елисавета Мусакова и Румјана Дечева.
Учесниците на школата ќе имаат можност низ теренските предавања да посетат повеќе археолошки локалитети, средновековни цркви и манастири, како и најзначајните места од Илинденскиот период, Смилево, Бабино, Велмевци, Вардино и Крушево.
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар