-->
-->
Меѓународна ликовна колонија во Кочани
-->

Во организација на Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ од Кочани, од денеска до 2 јули, на вештачкото езеро Градче се одржува меѓународната ликовна колонија „Арт варијации-стари поток 2016“.
- На оваа прва ликовна колонија учествуваат уметниците Мариета Конова од Велико Трново и Дијана Митева од Варна, Република Бугарија, Милич Петровиќ од Ниш, Србија, како и ликовните уметници Александар Стефановски и Мирослав Мики Трендафиловски од Куманово, изјави Коце Стојменов, раководител на колонијата.
Петмината уметници создаваат дела инспирирани од старата македонска архитектура на мотелот Градче, како и од природните убавини од околината на езерото, водопадите на Кочанска река. Се работи во техниките акрил и масло на платно.
Делата од Ликовната колонија „Арт варијации Стари поток 2016“ ќе бидат изложени во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
