Меѓународна конференција за „Транзиција на правните системи: 30 години по падот на Берлинскиот ѕид“
Во организација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска и утре во Скопје ќе се одржи меѓународна научна конференција на тема „Транзиција на правните системи: 30 години по падот на Берлинскиот ѕид“.
Конференцијата се одбележува на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, настан кој што симболично го означи крајот на Студената војна и почетокот на процесот на транзиција на правните системи во пост-комунистичките земји. Конференцијата има за цел да ги истражи различните патеки на транзиција избрани и спроведени низ целиот континент, да иницира дискусија и изведе заклучоци за најдобрите практики и научени лекции за време на транзицијата.
Според агендата, конференцијата ќе ја отворат проф. д-р Горан Коевски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Томас Норберт Герберих, амбасадор на СР Германија и Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција.
Клучни говорници на пленарната сесија на конференцијата се проф. д-р Отмар Сеул од Универзитетот Париз Х – Нантер, Франција и проф. д-р Томас Гигерих, Еуропа Институт, Универзитет Сарланд, Германија
На конференцијата ќе се презентираат 60- тина научни трудови, од истражувачи од земјата и странство.
Ново на Сител
-
На граничниот премин Табановце се чека од 15 до 30 минути
-
Роналдо бара засилување од клубот
-
Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола
-
Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати
-
Анализи: Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година
-
Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен
-
ДЗС: За 15 проценти помалку сместени ученици и студенти во интернатите и домовите
-
Две екипи на ТППЕ Куманово уште го гасат пожарот на улицата „Инудстриска“ во Куманово