Меѓународна конференција за климатски промени во Скопје
Стимулирње трансфер на знаење и соработка за критички прашања поврзани со климатските промени е целта на „Третата меѓународна конференција за климатски промени“ која денеска ќе биде отворена на ФОН Универзитетот во Скопје во организација на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.
На конференцијата предвидено е да се обратат директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн, ректорот на ФОН Универзитетот Нано Ружин, како и националниот координатор за климатски промени при Министерството за животна средина и просторно планирање, Теодора Обрадовиќ Грнчаровска.
На форумот, кој има за цел да охрабри интегриран пристап и да ги усогласи напорите на заинтересираните страни за справување со климатските промени, ќе присуствуваат повеќе од 100 претставници на граѓански организации од Македонија и странство, претставници од УСАИД, УНДП, Глобален еколошки фонд, Регионален центар за животна средина за Централна и Источна Европа, Културна мрежа Рамсар, како и други претставници од дипломатските мисии во Македонија.
УСАИД на конференцијата ќе ги одбележи постигнувањата и успешното завршување на својот четиригодишен Проект за општински стратегии за климатски промени, кој подготви десет македонски општини подобро да се справуваат со локалните предизвици предизвикани од климатските промени.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на село Могорче за тешка кражба и оштетување туѓи предмети
-
„Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд
-
Мој Народе - Ново од групата Меморија
-
МВР: Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога
-
ЦУК: Вкупно 1.704 повици на 112, четири пожари на отворено и апел за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана