Меѓународен симпозиум „Богомилство без граници“ одржан во Охрид
Во организација на МАНУ и на Бугарската академија на науките денеска во Охрид се одржа научен симпозиум, како завршна активност во рамки на заедничкиот проект „Богомилското движење и богомилската книжевност“ што три години го реализираат експерти од академиите на двете држави.
Професор д-р Маја Ангеловска – Панова од Институтот за национална историја истакна дека експерти на МАНУ во текот на изминатите три години спровеле теренско истражување во неколку села во централниот дел на Македонија како Богомила, Нежилово, Бистрица и Согле, каде е идентификуван релативно нов етнографски материјал во врска со Богомилското движење.
- Врз основа на тој материјал направивме и изложба што беше презентирана и во МАНУ и во Софија, и таа соработка еве ја заокуружваме токму со овој симпозиум, на кој покрај учесници од двете држави има и експерти од Велика Британија што му дава поширока меѓународна димензија на овој настан, рече Панова.
Професор Панова, која веќе 20 години работи исклучиво на проблематиката на Богомилството, го пренесе ставот на сите учесници на симпозиумот за потребата од идентификување нов изворен материјал со што би се прошириле перцепциите, сознанијата за Богомилството.
- Доколку има индиции за продолжување на проектот, следна фаза би биле истражувања во Ватикан, оттаму што со отварање на архивите на Светата столица постојат можности за идентификување нов изворен материјал за односната проблематика, што е повеќе од потребен за ваква истражувачка работа, рече таа.
Што се однесува на изучувањето на самото Богомилско движење, истакнато е дека во периодот кога Македонија беше во рамки на југословенската федерација, кога тенденција во сите држави каде доминираше комунистичката идеологија била акцентот врз Богомилството како движење да биде ставен врз принципот на анфтифеудално и социјално движење.
- Со најновите истражувања што се од балканска и западна провиниенција, таквиот став се менува и на Богомилството и приоритет се дава на неговиот религиозен карактер. Да се биде еретик во периодот на Средниот век значи да се биде малку поинаков, да се има алтернативен религиски и животен стил. Прилично едноставна обредна практика и прилично прогресивни тенденции, со поеднаков третман на половите субјекти, каде мажите и жените во нивните еретички комуни имале поеднакви права и можности, нагласи професор Панова.
За односот на Православието кон Богомилството како движење што ги упростува и демистифицира религиозните учења, експертите со став дека постојат позитивни, но и негативни ставови.
- Свештенството укажува на некои од позитивните одлики на Богомилството, но сепак дистанцата постои, со оглед што се работи за дијаметрално спротивставено учење од она што го прокламира Православната религија. Богомилите ги користат четирите Евангелија, но со сосема поинаква, автентична интерпретација што е своевидна самоевангелизација во духот на нивната догматика, рече професорката Панова.
Поширокиот проект во чии рамки е и денешниот симпозиум, е осмислен и дизајниран во насока на историско и културолошко проследување на богомилството, сфатено како универзална придобивка. Идентификацијата на цивилизациските вредности и влијанија на богомилството најдобро се согледува преку книжевните состави со автентична артикулација, апокрифите, филозофските аспекти на учењето, како и преку неговата присутност и традиција во народното творештво. Богомилството се вбројува во редот на оние духовни појави што со својот историско-културолошки статус и значење претставуваат релевантна придобивка не само за македонската, туку и за балканската и воопшто за европската цивилизација и култура.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода