Меѓународен кулинарски натпревар ГастроМак Македонија 2017
Шеесетина врвни мастер-шеф судии и околу триста натпреварувачи и гости од триесетина земји од цел свет, ќе учествуваат на 2. Интернационален гастрономски натпревар „ГастроМак Македонија 2017“ што од денеска до 28 октомври ќе се одржува во Струмица.
Настанот е во организација на Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, која ги обединува националните кулинарски здруженија од преку 150 држави во светот. Домаќин ќе биде хотелот „Вила парк“.
Натпреварот се одржува под мотото „Залче од светските вкусови!” а најавени се гости од рангот на Мишелин Стар готвачи, како и огромен број натпреварувачи од цел светот.
Врвните кулинирски шефови ќе се натпреваруваат во 33 категории, поделени во четири сегемнти: топло и ладно готвење, карвинг (изработка на фигури од овошје и зеленчук), како и подготовка на пица. Во исто време, во едукативниот дел, десетина експерти со мастер шеф титулата ќе одржат повеќе мастер класови.
Ново на Сител
-
Предлог буџетот за следната година на пленарна седница
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот