Меѓународен Ден на побезбеден интернет
Во над 140 земји од светот денеска се одбележува меѓународниот Ден на побезбеден интернет под мотото „Заедно за подобар интернет“. Одбележувањето на овој ден претставува повик за акција кон сите засегнати страни, со заеднички сили да помогнат во креирањето на подобар интернет за сите, особено за младите.
По тој повод, Фондацијата Метаморфозис во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација го одбележува денот со ново едукативно видео за подигнување на свесноста кај младите за потребата од побезбедно и поодговорно користење на онлајн технологиите и мобилните телефони.
-Онлајн насилството е широко распространет проблем и сосема е сигурно дека сите оние што се активни на социјалните медиуми имаат посведочено или биле жртва на ваков вид насилство. Но, добрата вест е дека младите од Европа се организираат против онлајн насилството преку кампања наречена Заедно за респект, ќе ја заштитат нивната приватност онлајн, се вели во соопштението од Метаморфозис.
Оттаму посочуваат дека заштитата на личните податоци е неопходна бидејќи податоците на граѓаните константно се прибираат од страна на платформите за социјални медиуми и разни апликации кои се користат на дневна основа. Ако не се обрнува доволно внимание на поставките за приватност, додаваат од Метаморфозис, злонамерни лица можат да добијат пристап до податоците на граѓаните и да ги искористат за наштетување репутацијата или уцени.
-Измамите на интернет добиваат екстремни пропорции и за оние кои ќе наседнат може да има сериозни последици. Освен измамите, многу поширок е проблемот за дезинформациите и лажните вести. Поради тоа, развојот на вештините за медиумска писменост е апсолутно неопходен.
Дополнителни ресурси за начините за заштита на децата и младите на интернет се достапни на веб-страницата на Проектот за Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет – CRISP (Children’s Rights on the Internet – Safe and Protected) crisp.org.mk или be
Ново на Сител
-
Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана од 19 до 21 март
-
УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ - 04 пријавите
-
По пауза од 17 години од март директна авиолинија Скопје - Амстердам
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Од март Во Скопје ќе се изнајмуваат електрични автомобили, во просек ќе биде од три до шест евра
-
ЦИП: Заврши геофизичкото скенирање на предисториски локалитети во Охридско-преспанскиот регион и во Пелагонија
-
Адвокатот на починатата родилка од Куманово: Како може здрава родилка која имала здрав плод, природно да почине?
-
Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор