Меѓународен ден на човековите права
По повод Меѓународниот ден на човековите права 10 – ти Декември, денот кога е усвоена универзалната Декларација за човековите права на ОН во 1948 година, Комисијата за заштита од дискриминација повикува на непречено остварување на човековите права и слободи и ги охрабрува граѓаните да поднесуваат претставки за дискриминација со цел подигање на свеста за почитување на човековите права, принципите и дигнитетот на човекот кои му гарантираат сигурен и безбеден живот без насилство, омраза, непочитување и понижување.
Меѓународниот ден на човековите права е посветен на целогодишната кампања на ОН по повод 50 - годишнината од донесувањето на Конвенциите за економски, социјални и културни права, како и Конвенцијата за граѓанските и политички права.
Во соопштението, Комисијата за заштита од дискриминација потсетува дека граѓанските, политичките, културните, економските и социјалните права се нераскинлив дел од човекот како индивидуа.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата