Меѓу остатоците од авионот на „Малезија ерлајнс“ има и делови на БУК ракета

Холандските обвинители, кои се дел од заедничкиот меѓународен тим за истрага на авионската несреќа на „Малезија ерлајнс“, соборен минатата година над источна Украина, денеска соопштија дека е можно меѓу пронајдените остатоци од леталото да има и делови од ракета од руско производство.
Во соопштението од канцеларијата на холандскиот државен обвинител се наведува дека деловите од проектилот, можно е да се од БУК ракета земја-воздух.
- Пронајдените делови од ракетата се многу важни за кривичниот дел од истрагата бидејќи можеле да пружат нови информации за тоа кој е одговорен за падот на авионот, посочува Обвинителството, при што додава дека е прерано за донесување на заклучок дека „постои причинско-последична вреска меѓу пронајдените делови од ракетата и падот на авионот на летот МХ17“.
Авионот леташе од Амстердам кон Куала Лумпур и се урна во јули 2014 година во близина на селото Грабово во Доњецката област, јужна Украина, на околу 60 километри од руската граница, во зона на борби меѓу проруските и украинските сили. Во несреќата загинаа 298 патници и членови на екипажот. Поголем број од патниците - 196 беа Холанѓани, а истрагата ја спроведуваат заедно Холандија, Украина, Австралија, Малезија и Белгија.
Ново на Сител
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
