-->
-->
Мега Лекс и МЗТ Скопје ја отвараат денешната понуда во АБА лигата
-->

Со натпреварот меѓу Мега Лекс и МЗТ Скопје Аеродром, ќе стартува денешната понуда од 4.коло во регионалната кошаркарска АБА лига.
Двата тима досега имаа по една победа и два пораза идентично како и уште седум екипи.
Аеродромци, ќе се обидат да го надополнат загубеното од пред три дена кога на гостувањето во Белград загубија речиси добиен меч во дуелот со Партизан.
Средбата во Сремска Митровица меѓу Мега Лекс и МЗТ Скопје ќе започне од 17 часот, а е една од трите кои ќе се играат денеска.
Во останатите денешни натпревари се среќаваат: Крка- Цедевита, Будуќност - Задар и Цибона - Олимпија.
Колото ќе биде комплетирано утре со средбите, Игокеа – Партизан и Сутјеска – Металац.
Во првиот натпревар од оваа рунда шампионот на АБА лигата Црвена Звезда убедливо го победи Тајфун со 113:66 и ја постигна четвртата победа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
