Меџити за неколку часа ги собра потребните потписи за регистрација на партијата

Демократското движење на Изет Меџити соопшти дека денеска во рекордно време ги собрале потребните потписи за регистрација на политичкиот субјект.
- Стотици истомисленици на Изет Меџити денеска се собраа во нотарски канцеларии да го дадат својот потпис за формирање на Движењето кое ветува позитивни промени за Албанците во Република Северна Македонија. Организацискиот совет при Демократското движење предвиде потписите да се собираат во текот на целиот ден, но се завршила за неполни три часа, при што беше објавено дека собирањето потписи е успешно затворено, се вели во соопштението од Демократското движење.
Со собирањето на потребните потписи, Демократското движење продолжува регистрацијата на партијата, а на 13 август е најавена и нејзина промоција.
Изет Меџити, доскорешен потпретседател и пратеник од ДУИ на 17 јули најави дека заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење, која официјално ќе биде формирана на 13 август.
Меџити тогаш објасни дека новиот политички субјект во принцип ќе функционира како партија. На прашањето дали ќе бидат спремни за евентуални предвремени избори, Меџити рече дека токму затоа брзаат со формирање на ова движење за да бидат спремни за секаков вид на предизвици коишто можат да се појават во меѓувреме.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Успешна акцијата за чистење на Скопје, нема да дозволам да се повтори грдата слика
-

Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје
-

МВР: Уапсен турскиот државјанин кој синоќа удри во контејнери и возило во Аеродром и избега од местото
-

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
-

Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици
-

Турчин во Скопје со возило удрил во контејнер, па во друго возило, и пробал да избега од полицијата
-

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо
-

38-годишник од Скопје со возило удрил во полицаец и го повредил
