Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
Првиот вицепремиер и министер за животна средина, како и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите истакна дека нема информации дали и тој бил прислушуван од страна на Агенцијата за национална безбедност.
-Немам информации. Не сум се занимавал со оваа информација, рече Меџити одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета во населбата Гази Баба.
Вицепремиерот соопшти и дека се лишени од слобода навивачите кои вчера нападнале ученици во Тетово.
-Веќе се преземени мерки и бев во постојан контакт со органите за спроведување на редот. Тие се лишени од слобода. Ги осудувам овие случаи. Малку е чудно што секој пат за време на изборните кампањи од изборните циклуси се случуваат вакви случаи. Апелирам сите да бидат на ниво на одговорност. Ги осудуваме како дела и ќе има строг одговор од државата, какви и да се ваквите случаи што ја нарушуваат слободата на граѓаните, рече Меџити
МИА
Ново на Сител
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините
-
Пропадна уште една акција за рушење на дивоградби во Кочани
-
Летово во Дојран повеќе транзит туристи отколку домашни
-
Црквите говорат за нашето наследство