Меџити: Не сум заинтересиран да бидам лидер на ДУИ
Не сум заинтересиран да бидам лидер на партијата. Не сум заинтересиран да го заменам Али Ахмети. Не работам во таа насока. За оваа Влада гласав само поради Али Ахмети и поради европските интеграции, истакна потпретседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.
– Дваесет години сум во оваа партија и континуирано и носам победа на партијата во местото каде што сум, немам ли право да му кажам кога некој некаде ќе згреши? Оваа Влада е формирана пред две години и оттогаш ги искажувам моите критики за оваа извршна власт и јавно пред Собранието кажав дека ќе гласам за оваа Влада само поради Али Ахмети и поради европските интеграции. Во принцип, јас бев против, гласовите на терен се собрани со Али Ахмети и оваа извршна власт не се соочуваше со граѓаните, значи нема легитимитет кај граѓанините. Исто така, оваа извршна власт ги нема поминато филтрите на партиските органи, односно во генералниот совет, рече Меџити вчера во емисијата „Клик плус“ во ТВ 21.
Тој потецнира дека тие немаат друга агенда и алтернатива и оти не се поттикнати од никого. Посочи дека немаат проблем со Ахмети како претседател на партијата, туку, како што вели, имаме проблем кога неговиот лидерски имиџ бледнее и некој со пропагандни методи, во овој случај Артан Груби одговара во негово име.
– Никој не нé поттикнува. Тоа е гласот на граѓанинот и нашиот чист и искрен глас. Дали ќе не толерира Али Ахмети? Тој може утре да излезе и да каже дека овие момци биле добри до вчера, но денеска го прекршија статутот и да ги исклучи од партијата. Не можеме да ги прејудицираме работите. Ќе се обидеме со демократски методи, со анализи, со ревизија да му кажеме дека нашиот претседател треба да размислува. Мора да го слуша гласот на граѓанинот и мора да направи промена за да оди напред, рече тој.
За можноста албанската опозициска партија Алијанса за Албанците да стане дел од владината коалиција, Меџити со став дека сето ова се прави за „замолчување“ на т.н „Огнена групата“.
![](https://ci6.googleusercontent.com/proxy/LzXsDNlT34xcSp6Fqujh2EXMEdh8CbbMx4Jf9pzgfuDv-vmZHtHkJ_00mOmbUxPC5QDhlDExlYlrwY_kYOn5bxBE1z9glzRrH8-bRczKrMmfexZ6Y_STljxrDjhR5nAMFoy2O-5DOerm=s0-d-e1-ft#https://mia.mk/wp-content/uploads/2022/10/Алијанса-за-Албанците.jpg)
![](https://ci3.googleusercontent.com/proxy/pNf51EA-98LiYFz3m5N9HpHJEQF-CllXDpC75eYK4qZNKzaTrL4w-b-k_5ho0Y4lvYMOhV7nzUIsSDO8SLebkJKizwrDa54zfxBq9K0I3DjYSxtV2iXnMCB8xolvZYpfNxumN69vVqjvBV9EgwHDLw=s0-d-e1-ft#https://mia.mk/wp-content/uploads/2023/01/322379414_501751515358688_8440600374942107982_n.jpg)
-Во ДУИ речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски органи. Како последица на ова, политичкото одлучување стана индивидуална сопственост. Нема дебата и консултација со партиските бази. Кадровските избори се претворија во привилегија на поединецот Артан Груби, беше наведено меѓу другото во писмото. Потписниците посочуваа дека „арогантното однесување на извршната власт на чело со Артан Груби“, предизвикало „незадоволство, револт и пасивност на структурите и на гласачите“.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот