Меџити: Денот на албанската азбука годинава се одбележува во време на жестока дебата за употреба на јазикот
Одбележувањето на Денот на албанската азбука се најде во време на жестока дебата која предизвикува непотребни тензии, рече вицепремиерот Изет Меџити на денешната Свечена академија по повод Денот на албанската азбука што се одржа во Владата. Според него, ваквата дебата е поттикната да се дефокусира јавниот интерес и да се направат кризи таму каде што ги нема.
Според Меџити, Уставниот суд, наместо институција која треба да ги чува правата и слободите на граѓаните, се претвори во институција кон која сите фрлаат оган, гнев и стрели.
- Ниту едно добиено или спроведено право не може да се укине или ограничи бидејќи ако сакаме луѓето да бидат третирани еднакво во мултиетнички општества тогаш наша должност е да им обезбедиме или гарантираме уживање и остварување на стекнатите права и слободи, рече Меџити во обраќањето.
Тој упати повик до институциите да ја вршат нивната работа во согласност со надлежностите.
- Очекувам Уставниот суд да се занимава со аспектите на човековите и граѓанските права и слободи и да не се впушта во политички размислувања за актуелни прашања и да остане непристрасен арбитер и подалеку од политички влијанија кога носи одлуки, рече Меџити.
Ново на Сител
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот
-
Преглед на вестите од светот
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски