Loading Video...
Тенис
13. September 2021 - 10:06

Медведев го сруши сонот на Ѓоковиќ со триумфот на УС Опен

Најдобриот тенисер на денешницата Србинот Новак Ѓоковиќ не го издржа притисокот, па во финалето забуби од одличниот Русин со максимални 3:0 во сетови во кои резултатот беше идентичен, на три пати по 6-4 за Медведев. 
 
Со тоа рускиот тенисер стигна до својот први тровеј од Гренд-слем турнирите, а притоа не му дозволи на Србинот, да израмни и надмине еден рекор. Иако Ѓоковиќ победи на претходните три турнири од големата четворка, сепак не го повтори успехот од далечната 1969 година на Род Лејвер кој останува единстевниот тенисер кој успеа да победи на сите четири Гренд-слем турнири во една календарска година. 
 
Воедно Ѓоковиќ остана на бројката од 20 Гренд-слем титули колку што имаат и неговите големи ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.
 
И покрај поразот Србинот и натаму е прв на АТП ранг листата сега со 1.533 поени повеќе од Русинот, Медведев.