Медиуми: Градоначалникот на српската општина Инѓија им подарил мед за потенција на деца од карате клуб
На прием што го одржал градоначалникот на Инѓија, Владимир Гак, меѓу подароците за децата од карате клубот „Сенсеи“ имало и мед за потенција - „Фрушкогорски скочко - радост во куќата“, пишува локалниот портал Ин медиа од Инѓија, пренесе Бета.
Гак му вети поддршка и помош на карате клубот, а заедно со ветувањата на децата им беа поделени и подароци во брендирани чанти на локалната самоуправа.
Ништо немаше да биде толку необично, тврдат родителите, доколку во содржината на кесата не го пронашле потентниот мед „Фрушкогорски скочко“, пишува порталот.
Се додава дека во локалната самоуправа не знаат чија била идејата на децата да им се дава мед за потенција, додека поранешните членови на кабинетот на претседателот на општината изјавиле дека содржината на подароците за гости е исклучиво на претседателскиот кабинет.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување