Медицинскиот факултет во Белград прв воведе ковид пропусници во Србија
Студентите, наставниците, соработниците и ненаставниот кадар на Медицинскиот факултет во Белград, додека трае актуелната епидемиолошка состојба, ќе можат да влезат на факултетот само со потврда дека не се позитивни на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград.
Управата на Факултетот, повикувајќи се на одредбите од Законот за заштита на населението од заразни болести, го усвои документот „Правила и начин на настава во учебната 2021/2022 година“.
Услов за присуство на часовите и вршење на други активности на факултетот е „отсуство на знаци и симптоми на акутна респираторна инфекција и треска”, доказ за целосна имунизација, доказ за прележана болест ковид-19, серолошки докази за постоење на антитела или ПЦР тест не постар од 72 часови.
-Непочитувањето на наведените мерки повлекува одговорност пропишана со законот, подзаконските акти и општи и индивидуални акти на факултетот, се наведува во документот усвоен на седница на наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет во Белград.
Премиерката Ана Брнабиќ во Њујорк изјави дека темата за воведување на корона пропусниците во Србија сè уште е „на маса” и рече дека нешто повеќе од 53 отсто од населението во Србија е вакцинирано.
-Темата за ковид пропусниците сè уште е на маса, за која, како што зборував овде во Њујорк, се користи за да се мотивираат младите да се вакцинираат. Ова не е мерка што ќе нè заштити од заразување, бидејќи може да се заразите и надвор, но тоа е мотивирачка мерка. Затоа апелирам, ве молам, верувам во граѓанска солидарност, изјави Брнабиќ.
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички