Медицински сестри од Гевгелија им помагаат на своите колеги во ГОБ „8 Септември“ во Скопје
Три медицински сестри од Општата болница со проширена надлежност од Гевгелија на барање од Министерството за здравство поради недостиг на кадар се испратени во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, каде им се придружија на колегите во напорите за успешно справување со Ковид-19, потврди денеска директорот на гевгелиската болница Митко Крџев.
– Во текот на вчерашниот ден медицинските сестри пристигнаа во Скопје, каде со останатите нивни колешки од болниците во земјава поминаа кус тренажен процес за запознавање со процесот и протоколите за работа и од денеска се веќе распоредени на работа на болничките одделенија каде за тоа има најмногу потреба, рече Креџев.
Тој посочи дека медицинскиот персонал од Гевгелија ќе биде времено ангажиран како испомош во ГОБ „8 Септември“ за период од 14 дена.
Покрај тоа, денеска од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Гевгелија беше потврдено дека вчера регистрираниот инфициран пациент со Ковид-19 не е од Гевгелија, туку од селото Стојаково, општина Богданци.
Ново на Сител
-
Грција и Италија ќе инвестираат над 700 милиони евра во грчката железница
-
Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина
-
Песков: Јазикот на ултиматум е неприфатлив за Русија
-
Франција мора да прифати илјадници работници мигранти за да го зачува својот социјален модел
-
Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата
-
Приведени две лица од Кавадарци, пронајдена е дрога
-
„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва
-
МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството