Медицински феномен: Забременила додека била бремена
Во период од само 10 дена, жена два пати останала бремена.
Верувале или не, можно е да се забремени и додека жената веќе е бремена. Тоа и се случило на Кајли Хил која останал бремена два пати во период од десет дена.
Имено, Кајли и нејзиниот сопруг не можеле да имаат деца бидејќи таа има проблем со јајниците и немала овулација. По примањето на хормонската терапија Кајли останала бремена два пати. Овој феномен е толку редок што забележани се само 10 вакви случаи во светот.
-Тоа се вика суперфетација. Ретко се случува, но мене ми се случи. Веќе бев бремена кога се појави и втората јајце клетка. Така да моите бебиња се зачнати со разлика од 10 дена, објаснила Кејли, пишува Дејли Мејл.
Она пак што е уште почудно е дека со сопругот имала односи само еднаш.
-Замислете го тоа. Неговата спремна во мене преживеала 10 дена и оплодила уште една клетка, неверојатно, вели Кајли која се породила во декември минатата година.
Девојчињата Оливија и Шарлот по раѓањето покажувале голема разлика во тежината и развојот, но сега двете се здрави и среќни девојчиња на кои им се ближи првиот роденден.
Ново на Сител
-
Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа
-
Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!
-
Европски лидери се придружуваат на Зеленски за средбата со Трамп во Вашингтон
-
Пожари во Црна Гора - критична состојба во Пипери и околните општини
-
Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
-
Земјотрес од 6 степени во централна Индонезија, најмалку 29 повредени
-
По вчерашните немири во Србија, повредени шест полицајци, приведени 56 лица
-
ЦУК: 10 пожари на отворен простор, шест активни и еден под контрола