Медицинската сестра која во болница носеше проѕирно одело стана манекенка
Руската медицинска сестра која била предупредена откако пациентите ја снимиле во проѕирно одело за коронавирус под кое се гледала нејзината долна облека добила нова работа.
Надија Укјкова (23) тврди дека не знаела колку е проѕирна униформата што ја носела додека се грижела за заразените со коронавирус, но еден од пациентите ја сликал, а фотографијата отиде вирално. Додека јавноста се забавуваше, нејзините шефови не биле задоволни и ја предупредувале дека „облеката не е во согласност со стандардите“.
Наскоро на Надија може воопшто да не и биде грижа за она што го велат шефовите во болницата, бидејќи таа е на праг на промена во кариерата. Нејзината прва „манекенска тезга“ е снимање реклама за линијата за спортска облека Zasport, а во иднина, којзнае.
Покрај тоа, таа објавила дека планира да студира за да и самата стане лекар. Во првото интервју по скандалот, таа рекла дека сè уште е засрамена од сето тоа.
„Знам кој ден фотографијата настанала, но како брзо се прошири на Интернет, е мистерија. Се сеќавам дека се вратив од смена и луѓето ми праќаа линкови од статии”, рекла таа, додавајќи дека фотографијата е направена од маж.
„Веднаш се препознав и ги заклучив профилите на социјалните медиуми. Не сакав такво внимание“, тврди таа.
Таа вели дека целата ситуација е „ужасна“ и им се заблагодарила на колегите кои ја поддржувале додека минувала низ сето тоа.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО