Медицинска сестра сфатила дека пациентот на смртната постела е нејзиниот брат

Џенифер Медина била медицинска сестра во Калифорнија кога во нивната клиника бил донесен пациент во тешка состојба. Лицето му било непрепознатливо.
Цезар Андреас Медина бил жртва на несовесен возач додека возел скејтборд. Автомобилот го удрил, а потоа сопственикот на возилото продолжил понатаму без да му пружи прва помош. Итно е пренесен во болницата Мишн во која работела неговата сестра.
Таа се грижела за останатите пациенти кога нејзиниот колега влегол во собата и викнал: „Имаме итен случај, носат некој кој е во многу лоша состојба“.
Жената веднаш тргнала во пресрет на пациентот кој бил на носилки. Лицето му било облиено со крв.
Некој рекол да се побара личната карта на пациентот и видела дека паричникот и е познат. Кога од него го вадела документот – видела слика. Станувало збор за нејзиниот брат.
-Целиот свет ми се сруши. Повредите беа толку тешки што не преживеа. Единствено знаев дека сакав да се опростам од Цезар, открила жената.
Полицијата го уапсила Ендру Мајклс (19) под обвинение дека со својот автомобил го убил човекот и побегнал од местото на несреќата.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
