-->
-->
„Медал за заслуги за Македонија“ за ракометарите на Вардар
-->
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, донесе одлука да ги одликува членовите на ракометниот клуб Вардар со „Медал за заслуги за Македонија“, а на РК Вардар ќе му биде доделено високо признание „Повелба на Република Македонија“.
Свечената церемонија на врачување на одликувањата ќе се одржи во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно“, по завршувањето на организираниот пречек на ракометарите на Вардар на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Одликувањата за ракометарите и признанието за ракометниот клуб Вардар од претседателот Иванов се доделува по триумфот на РК Вардар во Лигата на шампионите. Република Македонија го доби првиот европски ракометен шампион во машка конкуренција и по 15 години повторно има екипа што претставува континентален првак. Ракометниот клуб „Вардар“ е европски првак во Лигата на шампиони, откако во финалето што се одигра во Келн ја совлада екипата на Парис Сен Жермен
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива