МЕД обележа трета женка рис во НП „Маврово“

Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со НП „Маврово“ на почетокот на март обележа нова единка од балканскиот рис, близу селото Ничпур. Како што соопшти денеска МЕД, се работи за здрава женка тешка 14,5 kg, а стара околу десет години.
– Рисицата се вика Атиџе. Како и сите рисови досега, и таа носи околувратник и ни испраќа локации за своето движење. Утврдивме плен и сега сме сигурни дека Атиџе е во добра состојба, рече Александар Павлов од Програмата за зачувување на балканскиот рис што ја спроведува МЕД.
Од МЕД информираат дека Атиџе првпат е сликана со фотозамка во 2013 година и тогаш во базата на податоци се водеше како Б11. Според тимот на МЕД, интересен податок за Атиџе е што таа е десетти рис што се следи со GPS-околувратник за точно десет години следење единки од балканскиот рис со помош на овој метод.
– Интересна коинциденција е што точно пред 10 години на истиот ден беше обележан рисот Марко! И ова е десетта единка за овие десет години. Убаво заокружување на досегашните теренски активности поврзани со сесијата за за мониторинг на рисот, истакна Диме Меловски од Програмата за зачувување на балканскиот рис што ја спроведува МЕД.
МЕД досега има обележано шест мажјаци и четири женки од ова ретко животно.
Балканскиот рис е најреткиот од деветте подвида на евроазискиот рис и исклучиво го населува Балканот. Во природа постојат помалку од 50 возрасни единки, од кои најголем број живеат токму во македонските шуми. Поради оваа состојба, Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) ова животно го смета за критично загрозено.
Ново на Сител
-

Околу половина час се чека за излез од државата на премините „Дојран“ и „Табановце“, ГП Евзони блокиран за сообраќај
-

Орбан со честитки до ВМРО-ДПМНЕ: По години опозиција, денес сте една од најуспешните политички партии во Европа
-

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи
-

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
-

Христијан Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
-

Лишени од слобода крадци од Гостивар и гостиварско
-

26-годишен гостиварчанец со „јагуар“ удрил пешак и тешко го повредил
-

Мицкоски: Македонија влегува во деценија на зрелост, наша мисија е да покажеме дека државата ќе успее
