-->
-->
Ме силуваа секој ден: Jа ослободиле после една и пол година, но нејзиниот живот...
-->
Сексуална робинка (25) на Исламската држава, членка на Јазиди и мајка на четири деца, открива какоџихадистите секојдневно, седум месеци ја малтретирале и злоупотребувале. Таа било принудена да исполни се што ќе и побарале војниците.
Курдите ја ослободиле после една и пол година, заедно со уште 30. сонародници. Преживеала тортура, која сакала да ја каже во јавноста.
- Бев заробена од борец на Исламската држава ко јсе вика Омар. Ме злоупотребуваше секој ден, а за да не останам бремена и да може подолго да ме мачи морав да пијам апчиња за контрацепција. Тие воопшто не се однесуваат како луѓе, не можето тоа ниту да го замислите, - рекла 25-годишната девојка.
Исто така кажала дека нејзиниот татко и брат ги однеле во Синџар, а сега не знае каде се точно. И додала дека би било подобро да се мртви.
Кога Омар сакал да ја продаде на друг, таа го молела да не го прави тоа и се заканувала со самоубиство, па тој се откажал. Денес, иако е слободна нејзиниот живот е далеку од среќен, а последиците и траумата ќе и останат засекогаш.
Меѓу останатите ослободени, имало и 22-годишна девојка која останала бремена. Детето починало кога имало седум месеци.
- Не ни даваа да го нахраниме. Живеевме со страв, убедени дека ќе н иги отсечат главите ако не го слушаме. Нема да го заборавиме тоа додека сме живи, - рекла девојката.
Погледнете го видеото...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров