Мбапе се враќа во репрезентацијата на Франција
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се враќа во репрезентацијата на Франција за претстојното четвртфинале во Лигата на нации против Хрватска.
Тренерот на „петлите“ Дидие Дешан не го повика капитенот за натпреварите во октомври и ноември. Во првиот случај самиот играч побара да не биде вклучен во тимот, но во вториот Дешан реши да не го користи.
Последен пат за француската репрезентација играше на 9 септември против Белгија во Лигата на нации.
Тренерот потврди дека Мбапе повторно ќе го води тимот со капитенската лента.
Во составот се враќа и Аурелиен Чуамени, но искусниот Н’Голо Канте ќе отсуствува поради повреда на мускулот.
Првиот повик во сениорскиот тим го прими 19-годишниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе. Во дел од проширениот состав е и Маркус Турам, иако и самиот призна дека има проблеми со глуждот речиси еден месец.
Првиот меч е во Сплит на 20 март, а три дена подоцна реваншот е на „Стад де Франс“.
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска