-->
-->
Маж загина во Радишани, Југото смачкано
-->
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопската населба Радишани.
Според информациите на полицијата, сообраќајката се случила вчера во 9 часот и 40 минути на крстосницата од ул.„Радишанска“ и ул. „Боро Краљевски“. Во неа учествувале два автомобили, „југо“ и „мазда“, со скопски регистарски таблички, управувани од граѓани на Скопје.
По несреќата, возачот и сопатникот од „југото“ биле пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“ заради укажување на лекарска помош при што кај сопатникот биле констатирани тешки телесни повреди, а возачот по извесно време им подлегнал на повредите.
ФОТО: ТЕЛЕГРАФ.МК
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите