-->
-->
Маж се удави во Црн Дрим - Со автомобилот паднал во реката
-->
Четириесет и осум годишниот Невзат М. од Струга вчера попладне го загуби животот откако со својот автомобил паднал во Црн Дрим.
Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила околу 17:20 часот на патот Охрид-Струга, на влезот од Струга. Невзат од засега неутврдени причини паднал со својот автомобил во реката и се удавил кога автомобилот целосно се нашол под вода.
Жители на населбата велат дека тој се враќал наназад со автомобилот пред да падне во реката.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, по што ќе бидат познати деталите под кои околности се случила истата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција