Македонија
20. September 2024 - 15:49

Маж се соблекувал пред малолетници

Вчера во 12.40 часот во СВР Скопје, 39 – годишна жена од Скопје пријавила дека на 18.09.2024 околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.