Македонија
20. September 2024 - 15:51

Гостиварец се заканувал на сопругата, на нејзината мајка и на ќерката

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.К.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

- На 31.08.2024, пријавениот упатувал закани на неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка, на нејзината мајка и малолетната ќерка, информира МВР.