Македонија
9. October 2025 - 13:53

Маж од тетовско вознемирувал малолетничка, па откако нејзината мајка пробала да разговара со него, тој ја нападнал

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 42-годишник од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово вознемирување’’ и „телесна повреда’’.

Пријавениот вознемирувал малолетничка и ѝ упатувал недолични зборови, а откако дознала нејзината мајка отишла во неговиот дом да разговaра со него, при што тој ја нападнал со дрвен предмет.