Македонија
10. October 2025 - 13:02

Маж од гостиварско возел со 1,62 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка

На 10.10.2025 во 00:07 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Х.М.(43) од с.Врањовце, гостиварско.

Претходно, тој со патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски таблички учествувал во сообраќајна незгода на регионален пат Гостивар-с.Чегране, во близина на с.Форино, по што го напуштил местото.

При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,62 промили алкохол во крвта.