-->
-->
Маж нападна девојка во автобус затоа што носела куси панталони во јавност
-->

Маж ѝ удри шлаканица на девојка во автобус во Истанбул, Турција, затоа што носела куси панталони додека трае муслиманскиот свет месец Рамазан, пренесуваат турските медиуми.
На објавеното видео се гледа како мажот кој седи на задното седиште, во еден момент станува и пред да се симне од автобусот ѝ удира шлаканица на девојката.
Нападнатата жена поднела кривична пријава против напаѓачот и тој бил уапсен, но набргу бил ослободен. Таа поднела жалба, а обвинителството денеска повторно издало налог за неговот апсење.
Организациите за заштита на првата на жените го осудиле ослободувањето на напаѓачот наведувајќи дека постојано се случуваат слични инциденти кои мораат да бидат санкционирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
