Маж допирал девојка по задникот и бутовите - Кога го одбила, ѝ скршил шише од глава
19-годишната Софи Јохансон преживеала вистинска драма во ноќен клуб во Малме. Тинејџерката излегла да се забавува, не помислувајќи дека ќе биде жртва на брутален напад на маж, кој прво сексуално ја нападнал, а кога го одбила, ја удрил со шише во глава.
Софи во шведските медиуми ги објаснила деталите од инцидентот. Како што рекла, во еден момент ги почувствувала рацете на непознатиот маж на задникот додека играла на подиумот. Побарала од него да престане да ја напаѓа, кога тој, во налет на бес, ја удрил со бокс во лицето, пишува "Daily Mail".
Бидејќи не сакала ситуацијата да ескалира, се свртела и со својата пријателка тргнала да излезе од клубот, кога тој скршил стаклено шише од нејзината глава.
"Мислев дека низ моето лице тече алкохолот од шишето, но тогаш пријателката ми кажа дека е крв. Бев во шок", вели таа.
Отишла во болница каде лекарите ги зашиле раните на главата, а полицијата земала изјава.
Фотографиите од крвавото лице и маицата извалкана од крв брзо почнале да се шират на социјалните мрежи, а шведската јавност остро го осудила нападот.
Сепак, неколку дена подоцна, уследил шок - полицијата ја сопрела истрагата поради недостиг на докази со кои би можела да го идентификува напаѓачот. Самата Софи рекла дека бил висок околу 177 сантиметри, дека имал темна коса и верува дека е во средните 20-ти години.
"Се надеваме дека некој нешто видел, дека го видел инцидентот. Ако да, повторно ќе отвориме истрага", рекол Нилс Норлинг, портпарол на полицијата во Малме.
Во клубот "Бабел", каде се случил нападот, и порано имало инциденти. Најпознат е бомбашкиот напад на почетокот на ноември 2017-тата година, кога силна експлозија ја разнела вратата од клубот.
Ново на Сител
-
Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“
-
Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“
-
Лавров: Израелскиот напад врз Катар ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток
-
Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата
-
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови | ФОТО
-
Мицкоски: Убеден сум дека Фетаи ќе се извини, се труди да го научи македонскиот јазик
-
Туск со предупредување до Полјаците: Не подлегнувајте на руски дезинформации
-
Кремљ веќе нема да коментира за упадот на беспилотните летала во Полска