Маж (73) бесправно доградил поткровје со лажна документација издадена од адвокати и вработени во Сектор за урбанизам
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Ј.A.(73) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување во врска со фалсификување исправа“, потоа Т.Г.(68) и И.П.(63) од Кавадарци, овластени инженери-архитекти во две правни лица, како и против З.С.(59), Б.С.(64) и Д.Ј.(52), тројцата вработени во Секторот за урбанизам, заштита на животна средина, комунални работи и оттуѓување на градежно земјиште во локалната самоуправа на oпштина Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Како што соошти МВР, Ј.А., во својство на физичко лице, во текот на 2019 година поднела барање за изготвување на основен и идеен проект за изградба на деловен објект на ул.„Плоштад Илинден“ во Свети Николе, спротивно на изводот од ДУП-от, каде за градежната парцела била предвидена градба П+2 ката, додека барањето било за градба П+2+поткровје.
Т.Г. ја злоупотребил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите овластувања изготвувајќи Идеен и Основен проект за изградба на објект со површина П+2 ката и дополнително ставил уште еден кат (поткровје) со висина 2,70 метри. И.П., пак, ја злоупотребил својата службена положба и ги пречекорил границите на своите овластувања изготвувајќи позитивен Извештај за ревизија, со кој го потврдил изготвениот основен проект, фаза архитектура, како проект изготвен согласно деталниот урбанистички план.
Така изготвената фалсификувана проектна документација, заедно со Барањето за издавање на одобрение за градење, Ј.А. ја употребила во општина Свети Николе, за издавање на одобрение за градење, при што З.С., Б.С. и Д.Ј. ја злоупотребиле службената положба и ги пречекориле границите на своите овластувања, издавајќи Одобрение за градење спротивно на Законот за градење и Деталниот урбанистички план.
– Со наведените дејствија второ, трето, четврто, петто и шестопријавениот, во име и за сметка на првопријавената, овозможиле истата да се стекне со уште една спратна висина-поткровје, со површина од 85 метри квадратни во износ од околу 3.600.000 денари според пазарната вредност, наведуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Приведен кавадарчанец со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила застанати на црвено светло
-
Нетанјаху повторно ќе се кандидира за премиер
-
Голем број демонстранти учествуваа на протестите ширум САД против политиките на Трамп
-
До 9:15 гласале 41.890 граѓани, излезноста на ниво на држава е 3%
-
Забраната на возилата со мотори со внатрешно согорување во ЕУ и здравјето на луѓето
-
Локални избори 2025, вести во 08:00 на Сител Телевизија
-
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем
-
Сите 117 избирачки места во Тетово отворено навреме, гласањето е без проблеми