„Mayday Festival“ во рамки на Берово - Град на културата

Во рамки на програмата Берово - Град на културата во 2017-та, Општина Берово најави голем андерграунд фестивал „Mayday Festival“ за Велигден и за 1 Мај. Викендот за Велигден, односно на 16 април, ќе се одржи првиот концерт на техно и хаус музика „Mayday Easter“. Вториот концерт, насловен „Mayday Spring Sensation“, ќе почне на 30 април пред полноќ.
Концертите на фестивалот ќе бидат во спортската сала „Македонски бранители“ во Берово која, како што наведува Општина Берово, располага со капацитет и можности да ги собере сите фанови на фестивалот.

За фестивалот веќе се договорени најдобрите техно и хаус музичари од регионат, а и ова издание, наведува Општината, ќе биде запаметено по перформансот на клупските танчари. Оттаму додаваат и дека фестивалот технички ќе биде продуциран на највисоко ниво, со најдобар звучен систем, светло и лед визуелна илустрација.
- Влезот за второто издание на фестивалот повторно ќе биде слободен за сите жители и гости на градот. Но овојпат, поради огромниот интерес и големата посетеност која Берово ја има за двата продолжени викенда за Велигден и 1 Мај, влезот ќе биде достапен со претходна резервација и листа на гости, соопшти Општина Берово.
Ново на Сител
-

Македонско-германска конференција за иднината на контролингот
-

ЕК ќе го презентира извештајот за напредокот во Македонија
-

Пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да мора да бидат упатувани во странство
-

Регионална конференција за е-трговија
-

Чистењето на заедничките оџаци еден од најголемите проблеми во колективните станбени објекти во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите очекуваат кадровски промени кај поразените партии но не и лидерски смени
-

Тема на денот: Анализа на изборните резултати
