„Матурска парада 2017“ в петок на плоштадот „Македонија“
На плоштадот „Македонија“ в петок на пладне ќе се одржи 11. „Матурска парада“ на која традиционално учениците кои го завршуваат средното образование танцуваат квадрил. Годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија.
Организаторот на манифестацијата, Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, очекува да се вклучат околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје и нивните врсници од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија или околу 2.000 ученици. Moмчињата ќе носат сини, а девојките жолти маички.
Покровители на „Матурската парада“ се Град Скопје и Делегацијата на Европската унија во Скопје.
Никола Глигоров од Дирекцијата за култура и уметност на денешната прес-конференција информира дека македонските матуранти ќе танцуваат на иста музика и во исто време заедно со своите врсници од десетина држави од Централна и Југоисточна Европа.
Официјалниот дел на програмата ќе почне во 11:40 часот со обраќање на претставник од Град Скопје, а потоа матурантите ќе ја кажат заклетвата за ненасилство. Точно на пладне со посредство на Македонското радио - Радио Скопје ќе биде преземен сигналот од Радио Словенија од каде доаѓа музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“, на која матурантите ќе го танцуваат квадрилот. По завршувањето на парадата ќе има честитка од Делегацијата на ЕУ во Скопје и кратка забавна програма со дел од учесниците во мјузиклот „Тајно моја“ во продукција на Македонската опера и балет.
Тодор Миладинов од Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ нагласи дека тие биле задолжени за обуката на матурантите која се изведувала во училиштата уште од почетокот на второто полугодие, во рамки на часовите по спорт. Обуката ја изведувале инструкторите од клубот.
Тој потенцира дека обуката е успешно извршена и додаде оти традицијата веќе е создадена и матурантите доброволно танцуваат и влегуваат во овој проект. Годинава матурантите ќе танцуваат и салса на музиката „Shape of you“.
Раководителот на секторот за образование во Град Скопје Даниела Захариева Адамова посочи дека „Матурската парада“ е празник на Град Скопје и додаде оти секоја година одново поттикнува енергија, младост и радост.
Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје.
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција