Матис: Многу сојузници на САД се подготвени да ги зголемат своите контингенти во Авганистан
Голем број сојузници на САД се подготвени да ги зголемат своите контингенти во Авганистан, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Матис, откако претседателот Доналд Трамп ја објави новата стратегија на САД за Авганистан.
- Му укажав на претседателот на Советот на Генералштабовите на вооружените сили на САД, генерал Џоузеф Данфорд да започне подготовка за спроведување на стратегијата на шефот на државата. Јас ќе бидам во контакт со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со нашите сојузници, од кои повеќето се подготвени да го зголемат бројот на својата војска во Авганистан, истакна Матис.
Новата стратегија на САД за Авганистан предвидува Вашингтон веќе да не објавува број на своите војници во земјата и да не соопштува рокови за почеток и крај на воените операции.
Ново на Сител
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај