-->
-->
Матиќ сепак ќе игра за Србија
-->
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Славољуб Муслин, го повика во репрезентацијата несудениот македонски репрезентативец, Урош Матиќ (27), брат на ѕвездата на англискиот првак Челзи, Немања Матиќ.
Србија се подготвува за квалифкацискиот натпревар со Велс, а откако на селекторот Муслин, поради повреди му откажаа Фејса од Бенфика и Радоја од Селта Виго, тој реши да го повика Матиќ.
„Долго го следевме, мислам дека бргу ќе се вклопи во нашиот систем на работа“, изјавил српскиот селектор.
Инаку, Урош Матиќ пред повеќе од три години изрази желба да го облече дресот на Македонија.
Кон крајот на декември 2014 година тој беше и во посета на Фудбалската федерација на Македонија, беше активирана постапката тој да добие спортски пасош, но она најважното дозволата од ФИФА, Матиќ да стекне право на настап никогаш не пристигна.
Урош Матиќ во кариерата настапувал за Кошице, Бенфика Б, Бреда, Штурм, а од минатата сезона е во Копенхаген.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството