Мате Граниќ: Ситуацијата во БиХ е опасна

Советникот на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, Мате Граниќ, оцени дека референдумот во Република Српска му е важен на претседателот Милорад Додик поради претстојните локални избори, поради јакнење на позицијата на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина и поради зајакнување на сецесионизмот.
- Босанските овластувања овозможија бавни промени на Дејтонскиот договор и сега се чека реакцијата на меѓународната заедница. Сметам дека ситуацијата е опасна - најважно е веднаш да се мобилизираат САД и да се бара сојузник внатре во ЕУ со цел да се зачува БиХ како суверена и интегрирана држава, но и Хрватите да бидат рамноправни во БиХ, порача Граниќ во ијзава за Хрватското радио.
Граниќ, кој во својство на тогашен хрватски министер за надворешни работи учествуваше во преговорите во Дејтон, додаде дека во целата оваа ситуација најлоша е „импотентноста на меѓународната заедница и фактот дека меѓународниот претставник не ги користи своите овластувања“.
Во Република Српска вчера се одржа рефендум, на кој граѓаните се изјаснија дека и во иднина ќе го прославуваат 9 јануари како Ден на РС, на што се противат Бошњаците и Хрватите.
Ново на Сител
-

Најмалку пет лица загинаа во воздушен напад врз иранскиот Ком
-

Без струја поради зафати на мрежата корисниците на неколку улици во Илинден, Чучер Сандево, Бутел и Карпош
-

Цените на нафтата во пораст поради заканите на Трамп кон Иран
-

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители
-

Почнува Страдалната – Страсната – Велика седмица
-

Свечена академија за 75 години постоење на Државниот архив
-

Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот
-

Иран не ја отвора Ормуската Теснина без надомест за бродарина
