-->
-->
Мастерс: Раониќ се избори за полуфинале, најверојатно со Мареј
-->

Канадскиот тенисер Милош Раониќ успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Лондон откако синоќа во решавачкиот меч од групата го победи Доминик Тием од Австрија. Раониќ ја постигна втората победа во групата „Иван Лендл“ откако беше поуспешен од својот ривал со 7:6 (7:5) и 6:3 во сетови. Во првиот меч од 3.коло од групата Новак Ѓоковиќ го совлада Давид Гофин со 6:1 и 6:2 во сетови и со тоа го потврди првото место во групата.
Во групата „Џон Мекинро“ денеска се играат последните два меча: Енди Мареј – Стан Вавринка (15 часот) и Кеи Нишикори – Марин Чилиќ (21 часот).
Табела група „Џон Мекинро“: Мареј 2-0 (победи-порази), Кеи Нишикори 1-1, Стан Вавринка 1-1, Марин Чилиќ 0-2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски
-

Мицкоски доби трет мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и вети одговорност
-

ВМРО-ДПМНЕ одржува конгрес во Кавадарци - Мицкоски единствен кандидат за претседател
-

Сестринските партии со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат
-

СДСМ: Семејна фирма на Томовски добива милонски тендери од државата, Томовски најавува тужба за клевета
-

Тајмс: Северна Македонија во преговори за прием на азиланти - Владата негира, амбасадата ниту потврдува, ниту демантира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Јавната свест за лицата со попреченост се зголемува
