Масовно труење со гас во ЈАР, починаа најмалку 16 лица
Најмалку 16 лица загинаа во населба во Јужна Африка по труење со гас, изјави денеска шефот на владата на провинцијата Гаутенг, Пањаза Лесуфи.
Претходно локалната служба за итни случаи соопшти дека 24 лица загинале поради истекување на гас.
„Телата на жртвите се расфрлани по тоа подрачје, а најмладата жртва има една година“, рече Лесуфи.
Тој наведе дека во тек се истраги за да се утврди каков тип на гас ја предизвикал несреќата што се случи во средата.
Лесуфи го посети местото на несреќата, населбата Уџерица кај Боксбург, источно од Јоханесбург.
Медиумите објавија дека гасот истекол од боца, која се користи за нелегално одвојување на златото од јаловина.
Во декември, во експлозија на цистерна со гас во Боксбург загинаа десет лица, исто толку беа повредени, а беа уништени куќи и возила.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора