Масовниот напад со нож во воз во Велика Британија е изолиран инцидент

Масовниот напад со нож во воз во Велика Британија, во кој девет лица се здобија со повреди и се во животозагрозувачка состојба, е „изолиран напад“, изјави денеска британскиот министер за одбрана Џон Хили.
Се верува дека маж со голем нож бил совладан од полицијата со употреба на електрошокери откако синоќа извршил крвав поход во брз воз кратко по напуштањето на станицата Питерборо во Кембриџшир.
Британската транспортна полиција соопшти дека две лица се уапсени откако возот бил запрен на станицата Хантингдон.
Говорејќи за Скај њуз изутрината, министерот Хили порача „нема причина ние останатите да не продолжиме со нашите животи“, опишувајќи го нападот како изолиран.
Според првичната проценка, ова бил изолиран инцидент, изолиран напад, рече Хили, објаснувајќи дали нападот бил поврзан со тероризам.
– Но, такви заклучоци, тие понатамошни проценки и тие информации ќе ги доставиме до јавноста штом ќе ги добиеме, рече Хили.
Полицијата за борба против тероризмот помага во истрагата. Хили додаде дека британската јавност треба да биде „повнимателна“, но нагласи дека луѓето „нема да бидат одвратени од извршување на секојдневните обврски“.
МИА
Ново на Сител
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
-

Тестот на обвинетата Димитровска го полагал друг, а таа му пишала порака дека ќе чести ручек
-

Кој ќе ги гони полицајците за „Пулс“?
