Масовни протести во Барселона, повици до шпанската полиција да си оди
Во Барселона и други градови во шпанската област Каталонија во тек се масовни протести, поради инцидентите и полициското насилство при завчерашниот референдум за независност.
Протестите започнаа откако околу 900 лица беа повредени во полициските обиди да се спречи гласањето за независност.
Шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнасио Зоидо најави дека ќе ги преземе „сите неопходни мерки за да го спречи неприфатливото малтретирање” на шпански национални полициски сили, кои се распоредени во Каталонија.
Пред полициски станици и хотели каде се сместени полициските засилувања се организираат протести, со кои се бара од полицајците да ја напуштат Каталонија. Некои од сопствениците на хотелите самите им ги откажале резервациите на шпанските полицајци и побарале од нив да се повлечат од регионот.
Истовремено, од другите региони на Шпанија доаѓаат известувања дека граѓаните со знамиња и со музика ги испраќаат полицајците кои заминуваат како засилувања во Каталонија, барајќи од нив да го бранат единството на Шпанија. Поради проблеми со обезбедување доволно сместување, дел од шпанските полицајци се распоредени во големи туристички бродови закотвени во пристаништето на Барселона.
– Денеска е ден за демократски, граѓански и достоинствени протести. Не дозволувајте да потпаднете на провокации. Светот виде дека ние сме мирољубив народ, изјави претседателот на регионалната Влада на Каталонија, Карлос Пуџдемон,
Паралелно со протестите, во Каталонија денеска се одржува генерален штрајк на вработените во јавниот превоз, поголем број институции и на факултетите, додека меѓународниот авионски и железнички сообраќај се одвива ограничено.
Вработените во приватните компании исто така се повикани да штрајкуваат, но само дел од нив се одзваа на повикот. Фудбалскиот тим Барселона, исто така најави штрајк.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства

