Масовна тепачка меѓу средношколци од Скопје
Во 19 часот во Скопје е пријавено дека истиот ден со почеток од 13.00 часот во средното училиште „Зефљуш Марку“ се одржал турнир во фудбал на ниво на средни училишта од Скопје. Во периодот од 13.00 до 14.00 часот играле училиштата „Илинден“ и „Боро Петрушевски“. Околу 15.30 часот учениците од “Илинден“ отишле на последна автобуска постојка на број 9 и тогаш им пришла група од околу 30-тина лица, поголемиот дел ученици во другото училиште, кои употребувајќи најразлични предмети ги нападнале.
Полицијата информира дека истите успеале да избегаат во угостителски објект кој се наоѓал во близина, од каде повикале такси. Петмина од вкупно девет ученици отишле кај директорот и го запознале со настанот, по што тој во 16 часот и 35 минути пријавил во полиција.
Кај Д.М. (18) и Д.А. (18) биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај Б.С. (18), М.Н. (18) и Н.С. (18) биле констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени
-
Тошковски ги разреши началниците од Штип и Кочани
-
Склад за гориво пронајден во непосредна близина на дискотеката
-
Мицкоски: Ќе одговара секој кој има вина