Мицкоски: Ќе одговара секој кој има вина
„Свети ВМРО да биде и јас да сум, родена сестра, брат да ми е, ќе одговара ако има било каква вина. Одговорност ќе има за сите.“
Вака премиерот Мицкоски одговори на прозивските дека по оставката на градоначланикот на Кочани Папазов, но и неговиот разговор во полиција сепак, тој засега не е дел од притворите поврзани со страотниот пожар во диксотеката. Мицкоски дециден дека за кривична одговорност за градоначланикот сепак, одлучува обвинителството.
„Дали и колкава е одговорноста на градоначалникот ќе утврди Обвинителството. Градоначалникот во својата оставка напиша дека стои на располагање за сè, не бега, тука е. Денеска истражните органите ќе влезат и во Општината и ќе ги проверат сите документи. Ако вие пледирате дека тој е ВМРО па ние го штитиме, не, се лажете, никого нема да штитиме. Ако е потребна морална одговорност, еве удрете по мене, јас сум тука и ќе се сносам со овој предизвик, но прво ќе ги поразам, како многу пати што сум ги поразил, а потоа на избори граѓаните ќе судат дали и кој треба да сноси одговорност. Свети ВМРО да е, ако направи грешка ќе одговара и тоа сме го покажале досега.“
Мицкоски ги демантираше и шпекулациите дека агенцијата за обезбедување на дикостеката во Кочани била блиска на владејачката партија.
Премиерот предупреди дека има и системска грашка во работата на кабарињата и дискотеките - законските измени од 2007 година за работа на угостителските објекти, кој предвидел правното лице со изјава да ганрантира за техничките услови за објектот. Токму затоа најави и законски измени за проверката на условите во кои работата угостителските објекти, потоа работна група која ќе работи на проверка на сите лиценци за работа во различни сектори. Во моментов тече кација на пазарниот инспекторат на терен.
Премиерот вели дека Пазарниот инсекторат на терен можел да направи контрола само по пријава и во конкретната дискотека контрола имало во 2022 година. Прва лиценца клубот ја извадил во 2021 иако работел од 2014 година, потоа извадил лиценца во 2023, а ланска лиценца била фалсификувана.
„Тој, ако ја видите лиценцата тој до ден пред да се случи овој настан поседувал важечка лиценца издадема на хартија, со печат, печатирана, потпишана. Значи, да дојде инспекција да провери, тој ќе ја извади лицецата и ќе рече точно овој има лицеца, Но, ако го погледнете архиовскиот број и проверите во архивата што ја проверува сега министерот за економија ќе видите дека станува збор за некое барање на некој хотел во Охрид и втората фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститор, нема никаква врска со лиценца“
Според него ваквото однесување е недозволиво и дека токму затоа во случајот има толку притворениза кои се бара максимална казна.
„Не е пробем дали некој е политички заштитен, туку е криминал, растурен систем, поедици кои мислат дека се над системот. - Тоа е пробелмот и тие денеска се во притвор. И за ова ќе одговараат, нема горна граница на пропишана казна, го слушнав обвинителот дека бараат најдолга можна запретена казна од 20 години. Тоа нема да ги врати човечките животи, но да ни биде опомена никогаш да не ни се повторат вакви работи и дека тоа што правиме денес ќе има последица во иднина и можат да бидат катастриофални“
Премиерот вчера и денеска беше во посета на повредени од пожарот за што информираше со фотографии на социјалните мрежи. Мицкоски, не го коментираше Вучиќ кој вчера посетуваше македонски пациенти во Белград пред камери, но вели на неговите фотографии нема лица, а при посетата почитувал се’ што лекарите му посочиле.
„Да има и такви коишто влегуваа со камери и слично, но како што видовте и вчера и денеска јас никаде не влегов со камери и немам намера да правам ПР од сето ова. Фотографиите се во тил, нема ниту едно лице, многу внимателно ги биравме фотографиите за да нема ниту едно лице. Не го правам тоа поради ПР, туку го правам за да излезам пред вас за да не се кријам и за да зборувам отворено за сето она со кое се соочуваме. Ако е тоа проблем, подготвен сум да сносам одговорност.“
При посетата Мицкоски не влегол во ниту едно одделение за интезивна нега, рекоа надлежните.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар