Масовна средба на лицата со телесен инвалидитет

Осма масовна средба на лицата со телесен инвалидитет ќе се одржи денеска во дворот на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“ во Скопје.
Се очекува, на средбата што ја организира Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија, да присуствуваат околу 300 лица со телесен инвалидитет од 16 здруженија, членки на сојузот.
Од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет информираат дека средбата традиционално се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“, со што сакаат да испратат силна порака до институциите во државата дека само обединети и организирани ќе имаат сила да се изборат за целосна инклузија на лицата со телесен инвалидитет во сите пори на општеството на еднаква основа со другите.
Исто така, од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет сакаат да ги потсетат институците за обврските на државата за подобрување на пристапноста, здравствената заштита, образованието, вработувањето и целосната социјална инклузија на лицата со телесен инвалидитет, во духот на конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност и препораките на Комитетот за правата на лицата со инвалидност при ОН од 21 септември 2018 година.
Главен покровител на средбата е Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, кој на просторот во нивниот двор ќе приреди забавни содржини, како што се натправар во пинг понг, во пикадо и во вешто управување на инвалидска количка.
Ново на Сител
-

Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 20 лета, два пренасочени, слетале 13 авиони, исто толку полетале
-

Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
