-->
-->
Масовна акција за чистење на скопските општини по повод Светскиот ден на чистењето
-->
Масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини ќе се спроведе денеска во организација на Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Во рамки на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, што промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани,ќе го означат почетокот на оваа акција.
Акцијата ќе се одвива од денеска до 24 септември, а во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат да го остават кабастиот отпад – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам