Масовен ракетен напад од Либан врз северен Израел
Од 30 во 50 ракети денеска биле истрелани од Либан кон Горна Галилеја, регион во северен Израел, што е најголемиот баражен напад од почетокот на борбите на северната израелска граница.
Како што јавија локалните медиуми на хебрејски јазик, нема извештаи за повредени луѓе во нападот.
На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа како голем број ракети се пресретнати над областа. Претходно во Горна Галилеја се огласиле сирени за предупредување од ракетен напад.
Израелските одбранбени сили претходно соопштија дека со недели има интензивна размена на оган над границата со Либан.
Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари на X соопшти дека авион „забележал и нападнал“ противтенковски одред во областа Зераит.
Во текот на ноќта, проектил земја-воздух бил лансиран врз авион на ИДФ на либанска територија, рече тој, додавајќи дека проектилот бил „успешно пресретнат“ од ловци на израелската противвоздушна одбрана.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
